На 18.02.2026 во 03:10 часот на улицата „Тане Цалески“ во Кичево, полициски службеници го приведоа Р.С.(36) од Кичево, постапувајќи по претходна пријава дека во казино во Кичево агресивно се однесувал кон вработените, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
По преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,06 промили алкохол во крвта.
Тој е спроведен во полициска станица и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.