Хроника

Пешак удрен со мотор во Гостивар

Пешак удрен со мотор во Гостивар

Во Полициската станица Гостивар вчер во 13:20 часот, било пријавено дека на ул.„Беличица“ во Гостивар, мотоцикл „пиаџо“ со струшки регистарски ознаки, управуван од А.М.(39) од Гостивар, удрил во пешакот А.Д.(39) од с.Србиново, гостиварско.

-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Општа болница „Ферид Мурад“ во Гостивар, информира МВР.

Извршен бил увид од јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Гостивар.

To top