Хроника

Пешак тешко повреден во Охрид: Возачот избегал, па бил фатен од полицијата

Пешак тешко повреден во Охрид: Возачот избегал, па бил фатен од полицијата

На 21.12.2024 во 22.30 часот во СВР Охрид, било пријавено дека на ул.„Стив Наумов“ во Охрид патничко возило „бмв“ со охридски регистарски ознаки, управувано од С.Р.(42), удрило во пешакот М.А.(41), двајцата од Охрид, по што го напуштило местото на настанот, информира МВР.

По преземени мерки од полициски службеници, С.Р. е пронајден и лишен од слобода.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид.

Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Охрид.

To top