На 18.01.2024 во 21:00 часот во Полициската станица Кочани било пријавено дека на ул.„Тодосија Паунов“ во Кочани, патничко возило удрило во пешакот С.С.(74) од Кочани и го напуштило местото.
Во несреќата, С.С се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општа болница Кочани.
Увид на местото извршила увидна екипа од Полициската станица Кочани.