На 23.12.2024 во 15:45 часот во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода С.К.(25) од Тетово поради сомнение дека во претходниот период извршил повеќе кривични дела „тешки кражби” на подрачјето на СВР Тетово.
Одземените предмети биле пронајдени кај него и кај други лица од с.Џепчиште, тетовско, на кои им ги продавал, и ќе бидат вратени на сопствениците.
Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случаите, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.