На 12.10.2024 во 02.42 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Цветан Димов“ во Скопје било опожарено патничко возило „опел мерива“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Н.Н. од Скопје.
Од пожарот биле зафатени и две други возила, „опел“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Е.Р. од Скопје и возило „тојота“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на приватна фирма од Скопје.
Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за против пожарна Скопје, а повредени лица нема. Увид бил извршен, информираат од МВР.