Хроника СВР Скопје

Огнот зафатил три куќи: Детали за пожарот во Лисиче

С.С. се здобил со повреди и со возило на Итна медицинска помош е пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ за укажување помош.

Огнот зафатил три куќи: Детали за пожарот во Лисиче

На 02.08.2025 околу 01:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека настанал пожар во куќа на ул.„Ѓорѓе Андреевиќ-Кун“ во скопската населба Лисиче.

Од пожарот целосно изгореле две куќи, во сопственост на С.С. (61) и Д.Ѓ. (30), а во делот на кровот била опожарена куќата на С.Г.(57).

Пожарот бил изгаснат од страна на Бригадата за противпожарна заштита Скопје.

С.С. се здобил со повреди и со возило на Итна медицинска помош е пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ за укажување помош.

Увид ќе биде извршен во текот на денешниот ден.

Најнови вести од Хроника

To top