Судија на претходна постапка од Основен суд Велес му одреди мерка притвор во траење од 30 дена на А.М.(38) од Велес поради основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.
На 23.03.2024 во 21.45 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес ги лишиле од слобода А.М.(38) и Е.Д.(36), двајцата од Велес, затоа што кај А.М. биле пронајдени и одземени 34 пакувања со кафеава прашкаста материја и дигитална вага, а кај Е.Д. пронајдена и одземено едно пакување со марихуана.
По документирање на случајот, од страна на СВР Велес е поднесена кривична пријава, а од страна на судија на претходна постапка е одредена мерка притвор за А.М..