Хроника увидот во тек

НОВИ ДЕТАЛИ: Возило на МВР учествуваше во сообраќајката во Црниче, има повредени (ВИДЕО)

НОВИ ДЕТАЛИ: Возило на МВР учествуваше во сообраќајката во Црниче, има повредени (ВИДЕО)

Возило во сопственост на Министерството за внатрешни работи и автомобил „шкода фабиа“ со скопски регистарски ознаки учествувале во сообраќајката несреќа која денеска пред пладне се случи во Црниче.

-На 25.02.2026 околу 11:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Востаничка“ во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „шкода октавиа“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на МВР и патничко возило „шкода фабиа“ со скопски регистарски ознаки. Возачот на возилото „шкода октавиа“ се здобил со повреди и бил пренесен во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“, информираат од МВР за Курир.

Увидот е во тек и за незгодата е известен јавен обвинител и Одделот за внатрешна контрола при МВР.

To top