Хроника

Нова лажна сообраќајка: 77 годишник измамен за 1.300 евра, му рекле дека ќерка му прегазила неколку лица

Како што е пријавено, тој парите ги оставил на договореното место, а откако се слушнал со неговиот зет, сфатил дека бил измамен.

Нова лажна сообраќајка: 77 годишник измамен за 1.300 евра, му рекле дека ќерка му прегазила неколку лица

На 07.04.2025 во 14.45 часот во СВР Скопје, 77-годишен маж од скопско село пријавил дека бил измамен од едно машко лице за сума од 1300 евра.

-Според пријавеното, лицето му се јавило телефонски и му кажало дека неговата ќерка предизвикала сообраќајна несреќа во која прегазила неколку лица и доколку не сака таа да лежи во затвор требало да плати. Како што е пријавено, тој парите ги оставил на договореното место, а откако се слушнал со неговиот зет, сфатил дека бил измамен, информира МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Најнови вести од Хроника

To top