На 07.06.2024 година Е.Р. (46) во ПО Шуто Оризари пријавил дека на 05.06.2024 година бил повикан во Полициското одделение од страна на полициски службеник по претходна пријава од неговата невенчана сопруга поради меѓусебна вербална расправија која се случила во населба Шуто Оризари, во која Е.Р. физички ја нападнал.
Откако пристигнал во Полициското одделение, според пријавеното, Е.Р. бил физички нападнат од полициски службеник.
Известен е Јавен обвинител и Одделот за внатрешна контрола криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.