Хроника СВР Скопје

Несовесен возач во Скопје: Со возило удрил велосипедист, па избегал од местото

Во несреќата велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ Скопје.

Несовесен возач во Скопје: Со возило удрил велосипедист, па избегал од местото

На 27.05.2024 во 15:30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница на ул.„Загребска“ со ул.„Питу Гули“ во Скопје, патничко возило удрило во велосипед управуван од Т.П.(55) од Скопје и го напуштило местото.

Во несреќата велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ Скопје.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

To top