Хроника

Настанал пожар во двете возила: МВР со детали за тешката сообраќајка на патот Прилеп- Битола во која загинаа три лица

Настанал пожар во двете возила: МВР со детали за тешката сообраќајка на патот Прилеп- Битола во која загинаа три лица

На 03.10.2024 во 07.45 во СВР Битола било пријавено дека на патот Прилеп – Битола се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „тојота” со прилепски регистарски ознаки, управувано од Н.В.(42) од Прилеп и товарно возило „волво” со скопски регистарски ознаки, управувано од Г.Р.(51) од Битола, при што настанал пожар во двете возила.

Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Прилеп, а од здобиените повреди на местото на несреќата починале возачот Н.В. и А.Р.(74) и Ф.Ј.(51), двајцата од Прилеп, сопатници во патничкото возило.

Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телата на починатите биле дадени на обдукција.

Возачот Г.Р. се здобил со телесни повреди, констатирани во Градска болница Прилеп. Увид на местото на несреќата извршиле јавен обвинител и екипа од ОВР Прилеп.

To top