На 08.09.2024 во 17.00 часот во СВР Штип 21-годишна штипјанка пријавила дека околу 02 часот Б.Т.(28) од Штип во неговиот дом во Штип ја нападнал со остар предмет и се обидел да изврши обљуба.
-Според пријавителката, таа дошла во домот на Б.Т. по претходен договор со намера да разговараат околу раскинувањето на нивната долгогодишна врска, но настанала расправија по што Б.Т. ја нападнал со остар предмет и се обидел да изврши обљуба, информира МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.