Попладнево во пукање во скопско Стајковци убиени се две лица, објави порталот skopje1.mk.
Неофицијално, повозрасен маж ги убил братот и снаата, по што самиот се избодел. Во моментов е хоспитализиран во болницата „Свети Наум Охридски“, неофицијално потврдуваат од СВР Скопје.
МВР се очекува да даде официјални информации за настанот.