Хроника Ужас

Најмалку 126 загинати и 188 повредени во земјотресот во Тибет

Ова е областа каде што се судираат индиските и евроазиските тектонски плочи, предизвикувајќи земјотреси доволно силни за да ја сменат висината на некои од највисоките врвови во светот на Хималаите.

Најмалку 126 загинати и 188 повредени во земјотресот во Тибет

Бројот на загинати во земјотресот што денеска го погоди Тибет достигна 126, а повредените се 188, јавија светските агенции.

Силниот земјотрес со јачина од 6,8 степени според Рихтеровата скала во оддалечена и ретко населена област уништи стотици куќи и преполни улици со урнатини. Се верува дека многу луѓе се уште се заробени под уништените згради.

Американскиот геофизички институт соопшти дека земјотресот бил со јачина од 7,1 степен и се случил во 9:05 часот по локално време (1:05 ​​часот по Гринич) на длабочина од околу 10 километри во регионот Тингри на Тибет, кој се наоѓа во близина на Монт Еверест.

Ова е областа каде што се судираат индиските и евроазиските тектонски плочи, предизвикувајќи земјотреси доволно силни за да ја сменат висината на некои од највисоките врвови во светот на Хималаите.

Новогодишен Giveaway – Зимзоленд

По првичниот земјотрес, денеска во оваа област беа регистрирани повеќе од 150 последователни потреси, од кои десет беа со јачина поголема од 6 степени, објави Американскиот геофизички институт.

Кинескиот лидер Си Џинпинг повика да се вложат сите напори за спасување на луѓето, минимизирање на штетите и брзо сместување на луѓето, чии домови се уништени. Повеќе од 3.000 спасувачи се испратени во регионот погоден од катастрофата, објави Кинеската централна телевизија.

Околу 6.900 луѓе живеат во три града и 27 села лоцирани во радиус до 20 километри од епицентарот, објави и кинеската телевизија.

Земјотресот го почувствувале и жителите во североисточните региони на Непал, но засега нема информации за жртви или материјална штета.  (МИА)

To top