Денеска во раните утрински часови на локалниот пат за Средно Водно било пријавено во СВР Скопје дека патничко возило „фолксваген поло“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.П.(22) од Скопје, излетало надвор од коловозот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје, соопшти МВР.