Хроника петмина повредени

МВР за сообраќајката во која повредени беа припадници на АРМ

Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кочани.

МВР за сообраќајката во која повредени беа припадници на АРМ

На 21.03.2025 во 13.02 часот во ОВР Кочани било пријавено дека на експресниот пат Штип–Кочани, атар на с.Соколарци, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ленд ровер“, сопственост на АРМ, а управувано од Ф.К.(39) од Скопје и патничко возило „фолксваген голф“ со винички регистарски ознаки, управувано од В.Р.(56) од Виница.

-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил В.Р., додека со телесни повреди се здобиле неговата сопатничка В.Р.(66), како и возачот на возилото „ленд ровер“ и сопатниците Љ.С.(51) и Г.С.(42), двајцата од Скопје, констатирани во Клиничката болница Штип, информира МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кочани.

АРМ вчера информираше дека во возилото се упатувало кон извршување на редовни планирани активности (смена на стража) кога било удрено од цивилно возило во задниот дел.

To top