Хроника

Мотоциклист тешко повреден во сообраќајка во Бутел

Мотоциклист тешко повреден во сообраќајка во Бутел

На 15.07.2024 во 15.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од бул.„Босна и Херцеговина“, ул.„Александар Урдаревски“ и ул.„Ќемал Сејфула“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „мерцедес“, управувано од Б.М.(49) од Виница и мотоцикл „сузуки“, управуван од Д.Ќ.(48) од Скопје, двете со скопски регистарски ознаки, информира МВР.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистиот констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

To top