Мотоциклист е тешко повреден во сообраќајна несреќа која синоќа околу половина час по полноќ се случила на бул.„Трета македонска ударна бригада“ во Куманово.
-Во несреќата учествуваа патничко возило „ауди“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од 17- годишник од с.Отља, општина Липково, со место на живеење во Швајцарија и мотоцикл „кавасаки“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Х.С.(30) од с.Грушино, општина Арачиново, по што мотоциклот удрил во паркирано патничко возило „фиат“ со кумановски регистарски ознаки, паркирано од А.Ш.(39) од с.Оризари, липковско, информира МВР.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во болницата во Куманово.
По наредба на Јавен обвинител, извршен бил увид од увидна екипа на СВР Куманово.