На 18.02.2024 во 14.30 часот во Полициската станица Крушево било пријавено дека во с.Норово, крушевско, М.Б.(23) од с.Норово, управувајќи мотоцикл без регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот, информира МВР.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Градска болница Прилеп.
Увид на местото извршила увидна екипа на ОВР Крушево.