На 28.07.2024 во 12.27 часот во Полициската станица Дебар било пријавено дека на ул.„Амди Леши“ во Дебар се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл „јамаха“ со дебарски регистарски ознаки, управуван од Б.Б.(35) од Дебар и патничко возило „шкода“ со швајцарски национални ознаки, управувано од Ф.Р.(68) од с.Бањиште, дебарско.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Општата болница Дебар.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Дебар.