Хроника ОВР Гостивар

Момче од Италија повредено во сообраќајка во Гостивар

Момче од Италија повредено во сообраќајка во Гостивар

На 01.08.2024 во 13:50 часот во Полициската станица Гостивар било пријавено дека на крстосницата од ул.„Живко Брајкоски“ со ул.„101“ и ул.„Бранко Станојевиќ“ во Гостивар се случила сообраќајна несреќа помеѓу моторцикл без регистарски ознаки, управуван од А.Н.(22) од Р.Италија и патничко возило „бмв“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од В.И.(33) од Гостивар.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил моторциклистот, констатирани во Општата болница Гостивар.

Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Гостивар.

To top