На 05.08.2024 во 22.00 часот во Полициската станица Струга било пријавено дека на ул„Партизанска“ во Струга се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген пасат“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Г.М.(53) од село Заграчани, струшко и мопед со струшки регистарски ознаки, управуван од Б.Ж.(26) од село Велешта, струшко.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Струга.