На 29.10.2024 во 11.30 часот во СВР Скопје, било пријавено дека на крстосница од ул.„Дарданиа“ и ул.„4“ во с.Сарај, скопско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „митсубиши“ со италијански национални ознаки, управувано од Н.И.(45) од с.Сарај, скопско и мопед „априлиа“ со скопски регистарски ознаки, управуван од С.Ј.(20) од с.Крушопек, скопско.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје.