Хроника

Млад скопјанец тешко повреден, излетал со мотор од патот Гостивар – Кичево

Млад скопјанец тешко повреден, излетал со мотор од патот Гостивар – Кичево

На 08.07.2024 во 19.25 часот во ОВР Гостивар било пријавено дека на магистрален пат Гостивар – Кичево, поточно на влез во каменолом во Гостивар, мотоцикл „сузуки“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Д.Ѓ.(21) од Скопје, излетал надвор од коловозот.

-Во несреќата, со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Медицински центар во Гостивар, информира МВР.

Увид на лице место извршила екипа од СВР Тетово.

To top