На 09.02.2026 во 21:30 часот во Полициското одделение Македонска Каменица e пријавено дека околу 20:30 часот, при извршување работни задачи во рудник во Македонска Каменица, со тешки телесни повреди се здобил Б.А.(26) од село Моштица, општина Македонска Каменица, констатирани во Клиничка болница Штип, информира МВР.
За настанот е известен јавен обвинител, а увид извршиле увидна екипа од ОВР Делчево и рударски инспектор.