На 04.08.2024 околу 14.00 часот во СВР Охрид е пријавено дека во водите на Охридското Езеро, кај селото Пештани, била пронајдена минофрлачка граната од Првата светска војна.
Гранатата била безбедно подигната од пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување за натамошна постапка.