На 31.05.2024 во 03:55 часот во Струмица полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода К.В.(40) од село Водоча, струмичко.
Тој на 30.05.2024 на магистрален пат А-4 Струмица—Радовиш, на место викано „Градашорска крстосница“, агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени задачи.
Лицето било задржано во Полициската станица Струмица и за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица.
По документирање на случајот, против К.В. ќе биде поднесена соодветна пријава.