Хроника СВР Скопје

Маж пукал во воздух, па избегал од полицијата

Пиштолот му бил одземен, а при обид да го приведат, полициските службеници биле спречени од толпата, по што лицето побегнало. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

Маж пукал во воздух, па избегал од полицијата

На 02.11.2025 во 23:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека околу 21:00 часот во с.Долно Количани, општина Студеничани, полициски службеници забележале едно лице, кое било со поголема група луѓе, како со пиштол испукало неколку проектили во воздух.

Пиштолот му бил одземен, а при обид да го приведат, полициските службеници биле спречени од толпата, по што лицето побегнало.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Најнови вести од Хроника

To top