Хроника

Маж пронајден мртов во близина на семејната куќа во велешко

Маж пронајден мртов во близина на семејната куќа во велешко

Во близина на семејната куќа бил пронајден починат 60-годишниот Т.М. од село Ореше.

Од СВР Велес велат дека пријавата е вчера во 08:28 часот.

Како што информира портпаролот Биљана Ѓаковска, лекар од Итна медицинска помош Велес констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.

Увид на местото извршила увидна екипа на СВР Велес.

To top