Хроника трагичен крај

Маж пријавен за исчезнат пронајден починат

Маж пријавен за исчезнат пронајден починат

На 06.12.2025 година во 16:20 часот, во поранешни оранжерии на улицата „1 Македонска ударна бригада“, пронајдено е машко безживотно тело.

-По преземени мерки, на 07.12.2025 година, утврдено е дека се работи за З.Т.(57) од Охрид, кој на 04.12.2025 година во 18.25 часот, во СВР Охрид беше пријавен дека се оддалечил од семејниот дом, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

По наредба на јавен обвинител, денеска врз телото ќе биде извршена обдукција.

To top