Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против С.В.(58) од Прилеп, со привремен престој во Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“.
На 04.10.2025 на место со див отпад во Струга, пријавениот предизвикал пожар на тој начин што запалил кабли.
Тој сам го изгаснал пожарот, но бил затекнат на местото и бил лишен од слобода.