На 22.12.2024 во 12:45 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода С.Ш. (44) од Куманово.
При преглед кај него биле пронајдени и одземени околу 700 парчиња пиротехнички средства.
С.Ш. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава.