ОВР Кавадарци поднесе кривична пријава против М.М.(36) од Кавадарци, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.
На 08.12.2023, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што пронашле и одзеле хероин, амфетамин и таблета МДМА.