Хроника СВР Штип

Маж го стартувал тракторот по што излетале искри и настанал пожар

Од екипа на Територијалната противпожарна единица пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема.

Маж го стартувал тракторот по што излетале искри и настанал пожар

На 21.07.2024 во 11.15 часот во СВР Штип, С.Т.(28) од Штип пријавил дека околу 11.00 часот во дворно место во с.Врсаково, штипско, додека го стартувал неговиот трактор „имт 533“, од искрење настанал пожар на сува трева од кој бил опожарен тракторот и неговото патничко возило „алфа ромео“ со штипски регистарски ознаки.

Од екипа на Територијалната противпожарна единица пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип.

To top