ОВР Кичево поднесе кривична пријава против Е.П.(28) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.
На 23.06.2023 на регионалниот пат Кичево-Охрид, во близина на село Другово, полициски службеници извршиле преглед на патничко возило „ауди“, управувано од пријавениот, при што пронашле и одзеле марихуана.