Хроника

Малолетник тешко повреден во сообраќајка во Кочани

Малолетник тешко повреден во сообраќајка во Кочани

На 27.10.2024 во 14.16 часот во Полициската станица Кочани било пријавено дека на крстосницата од ул.„Страшо Ербапче“ и ул.„Кирил и Методиј“ во Кочани се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со кочански регистарски ознаки, управувано од М.Ѓ.(33) и мопед со кочански регистарски ознаки, управуван од малолетник, двајцата од Кочани, информира МВР.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Клиничка болница Штип.

Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кочани.

To top