Хроника

Малолетник тешко повреден, излетал со мотор од улица во Кавадарци

Малолетник тешко повреден, излетал со мотор од улица во Кавадарци

На 07.06.2024 во 15.00 часот во Полициската станица Кавадарци, било пријавено дека на крстосница од ул.„Пионерска“ и ул.„22-ри Декември“ во Кавадарци моторцикл „априлиа“ со кавадаречки регистарски ознаки управуван од малолетник од Кавадарци излетал надвор од коловозот.

-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот констатирани во Општа болница Кавадарци, информира МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа на ОВР Кавадарци.

To top