Хроника

Малолетник тешко повреден, бил удрен од автомобил

Малолетник тешко повреден, бил удрен од автомобил

На 11.06.2024 во 12.55 часот во ОВР Гостивар било пријавено дека на ул.„Браќа Блажески“ во Гостивар патничко возило „фолксваген голф“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Х.Р.(33) од гостиварска Ломница, удрило во малолетник од гостиварско Сенце.

Во несреќата малолетникот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во болницата во Гостивар.

Увид на местото извршила екипа од ОВР Гостивар.

 

 

To top