На 02.10.2024 во 17.03 часот во Полициската станица Делчево, од Итна медицинска помош Делчево било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен малолетник од Делчево.
-Според пријавеното, тој се здобил со повредите од остар предмет додека работел во дворно место од куќа во Делчево, информира МВР.
За настанот бил известен Јавен обвинител и се работи на расчистување на случајот.