Хроника

Малолетник со мотор удрил во малолетничка пешак

Малолетник со мотор удрил во малолетничка пешак

На 08.08.2024 во 19.50 часот во Полициската станица Струга било пријавено дека на ул.„Партизанска“ во Струга, мотоцикл со струшки регистарски ознаки, управуван од малолетник од село Радолишта, струшко, удрил во малолетничка од село Вејце, тетовско.

-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетничката- пешак, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид, информира МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Струга.

To top