Хроника

Малолетник со мопед тешко повреден во сообраќајка

Малолетник со мопед тешко повреден во сообраќајка

Денеска (08.08.2024) во 01.45 часот во Полициската станица Струга било пријавено дека на крстосница од ул. „Боро Хаџиески“ со ул.„Кузман Јосифоски – Питу“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел“ со струшки регистарски ознаки, управувано од Г.М.(33) од с.Радолишта, струшко и мопед „априлиа“ со струшки регистарски ознаки, управуван од малолетник од Струга, информира МВР.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид.

Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Струга.

To top