Денеска ( 13.12.2023) во 03:50 часот во Битола полициски службеници од СВР Битола лишиле од слобода 16-годишен малолетник од Битола заради сомнение за сторено кривично дело „разбојништво” казниво по член 237 ст.1 од КЗ.
Имено, малолетникот на 13.12.2023 во 03:20 часот на ул.„Партизанска“ во Битола физички го нападнал Д.С.(68) од Битола и му го одзел паричникот.
Малолетникот во присуство на родител е приведен во полициска станица Битола, при што во целост го признал кривичното дело, а украденото е вратено на сопственикот.
По документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.