Хроника

Малолетник (13) со тротинет тешко повреден во сообраќајка со автомобил управуван од 76 годишник

Малолетник (13) со тротинет тешко повреден во сообраќајка со автомобил управуван од 76 годишник

На 15.10.2025 во 17:28 часот во СВР Битола е пријавено дека на крстосница од ул.„Филип Втори Македонски“ и ул.„Благојче Силјановски“ во Битола се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „цитроен“ со демирхисарски регистарски ознаки, управувано од С.Н.(76) од Демир Хисар и електричен тротинет, управуван од 13-годишник од Битола, информира МВР.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Клиничката болница Битола.

Извршен е увид од увидна екипа од СВР Битола.

To top