Хроника тешко повредена

Малолетничка прегазена во Охрид

Малолетничка прегазена во Охрид

На 21.02.2024 во 13.15 часот во СВР Охрид било пријавено дека на ул.„Јане Сандански“ во Охрид, патничко возило „фолксваген туран“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Д.В.(36) од Охрид, удрило во малолетен пешак, информира МВР.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетничката, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид.

 

 

 

 

To top