На 04.05.2024 во 22:30 часот во Полициското одделение Петровец, А.С.(47) од с.Петровец, скопско, пријавил дека од домот се оддалечила неговата малолетна ќерка С.С.(14).
Според пријавеното, тој се сомневал дека се наоѓа кај нејзиното момче М.Х. во населбата Шуто Оризари.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.