На 02.08.2024 во 14.40 часот во СВР Тетово било пријавено дека на улица „Бањешница” во Гостивар, патничко возило „шевролет” со гостиварски регистерски таблици, управувано од Е.Б.(19) од гостиварско Беловиште, удрило во малолетен пешак.
-Пешакот се здобил со тешки телесни повреди, кои се констатирани во Медицинскиот центар во Гостивар. Увид на лице место извршила екипа од ОВР Гостивар, соопшти МВР.