На 27.06.2024 во Скопје полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ја лишија од слобода Ј.Г.П.(49) од Скопје, која била барана со потерница по наредба од Основен суд Скопје за затворска казна од шест месеци.
Лицето ќе биде предадено на надлежната казнено-поправна установа.