Хроника МВР

Лишен од слобода возач од дебарско, управувал возило со 2,69 промили алкохол во крвта

Тој бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица, потенцираа од МВР.

Лишен од слобода возач од дебарско, управувал возило со 2,69 промили алкохол во крвта

Вчера полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Дебар го лишиле од слобода Џ.Е.(54) од с.Џепиште, дебарско.

При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „форд“ со дебарски регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 2,69 промили алкохол во крвта, соопшти МВР.

Тој бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица, а по целосно документирање на настанот против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

Поврзани теми

To top